11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД бараат итен прекин на офанзивата на Хафтар кон Триполи

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ги повика силите на маршалот Калифа Хафтар веднаш да ја прекинат нивната офанзива кон Триполи, и тоа малку иронично велејќи дека не постои воено решение во конфликтот што НАТО помогна да почне, пренесува РТ.

„Јасно ставивме до знаење дека се спротивставуваме на воената офанзива од силите на Хафтар и настојуваме веднаш да ги запреме овие воени операции против Триполи. Силите треба да се вратат на позициите статус кво анте“, се вели во изјавата на Помпео.

Либија останува поделена земја без централизирана власт уште од „хуманитарната“ интервенција на НАТО и воздушните напади во 2011 година, со кои ја уништи војската во земјата и им помогна на вооружените бунтовници да го убијат Гадафи.

Но, во 2019 година политичкото решение е единствениот начин да се обедини земјата и да се обезбеди план за безбедност, стабилност и за просперитет за сите Либијци“, вели Стејт департментот истовремено повикувајќи ги сите инволвирани страни итно да ја деескалираат ситуацијата.

Пораката на Помпео доаѓа кога Пентагон го повлече преостанатиот мал контингент од Либија велејќи дека е премногу опасно за американските војници да останат на терен.

Спонзорирано: