13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: ЕУ работи на подготовката за слободни избори во Венецуела

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Mогерини, вели дека ЕУ продолжува да работи на доставата на хуманитарната помош во Венецуела и на одржувањето слободни и транспарентни избори во оваа земја.

Могерини не ја исклучи и можноста за проширување на европските санкции против оние поединци кои, како што рече, вршат насилство и ја поткопуваат демократијата во Венецуела.

„Не говориме за генерални економски санкции. Примарна цел нам ни е подобрувањето на хуманитарната ситуација во земјата и доброто на венецуелскиот народ, од кои речиси 1 милион граѓани потекнуваат од европските земји. Ние сме браќа и сестри и пред сè се грижиме за нивните животи“, порача Могерини.

Спонзорирано: