14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: На Европа и САД ќе им биде подобро да си седат на своето место

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги обвини Европа и САД дека се мешаат во внатрешните работи на Турција по нивните коментари во врска со резултатите од локалните избори во земјата, на кои неговата партија може да ја зaгуби власта во Истанбул и Анкара.

„Америка и Европа, кои се мешаат во нашите внатрешни работи, треба да си седат таму каде што се“, рече Ердоган во своето прво постизборно обраќање во неделата вечерта.

Иако неговата Партија за правда и развој (АКП) општо води на локалните избори што се одржаа во неделата, според прелиминарните резултати, ги губи Анкара и Истанбул, двата најголеми града во земјата.

Партијата на Ердоган побара пребројување на гласовите во Истанбул повикувајќи се на неправилности, со оценка дека голем број гласови се поништени, со што се оштетени нејзините кандидати.

Партијата најави дека ќе побара и поширока проверка во главниот град Анкара, каде што првичните резултати исто така покажуваат тесна победа на опозицијата.

Овие порази, доколку официјално се потврдат, би биле болни за Ердоган, чија партија доминира во двата града во текот на изминатите 25 години.

Спонзорирано: