13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Воинот на коњ ќе се преименува во Александар Македонски

Потпаролот на влада Миле Бошњаковски денеска одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција тој рече декаќе биде формирана комисија која ќе има шест месеци за да утврди кои споменици од античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја.

„Комисија ќе изврши контрола на спомениците во рок од шест месеци, а дел од оние кои се наоѓаат во центарот на Скопје ќе добијат нов назив, како што на пример е „Воинот на коњ“ ќе биде поставена табла на која ќе пишува „Александар Македонски“ и ќе пишува дека припаѓа на хеленската (грчката античка) историја“ рече Бошњаковски.

Спонзорирано: