20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Европската Унија почна нова постапка против Полска поради правосудството

Европската Унија ги објави денес постапките против Полска верувајќи дека законите неодамна усвоени од страна на полската влада ја поткопуваат независноста на судиите.

Европската комисија објави дека на Варшава ѝ испратила формално известување, што е прв чекор во правната постапка.

Полска има рок од два месеца да одговори на критиките на ЕК.

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, рече дека дисциплинските мерки за судиите во 2017 година „систематски ги поставуваат судиите под политичка контрола на извршната власт”.

Полска, како што објасни тој, има шанса да го објасни прописот или да го промени.

Комисијата изјави дека работи на заштита на владеењето на правото во Полска.

Спонзорирано: