5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Мицкоски: На овие избори да им дадеме жолт картон и да им покажеме дека се пред исклучување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со граѓаните на Вевчани.

Како што информираат од неговата партија, Мицкоски посочил дека граѓаните и државата се соочуваат со голема неправда од Зоран Заев и неговата Влада и нагласил дека со победа на претседателските ќе се отвори патот кон предвремени парламентарни избори.

„Правдата во Македонија има непријател и тој се вика Зоран Заев. Тој заедно со неговите луѓе е носител на неправдата во нашата држава. На овие избори да им дадеме жолт картон, пред исклучување. Зашто, ако не, ќе мислат успеале да ве измамат и им поминало“, истакнал партискиот лидер.

Тој од граѓаните побарал поддршка за кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, истакнувајќи дека токму таа е личноста што ќе ги заштити правдата и интересите на Република Македонија.

„На Македонија ѝ треба надеж, таа надеж се вика правда за Македонија. Јас верувам во таа надеж, верувајте и вие, заедно ќе се избориме. Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска-Давкова треба да ги штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции“, посочил Мицкоски повикувајќи на политичка борба за правда во Македонија.

Спонзорирано: