11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Непознат напаѓач избол четири лица во Лондон

Лондонската полиција трага по маж за кој се верува дека во текот на ноќта со нож избол четири лица во серија напади кои не биле со ништо испровоцирани.

Полицијата соопшти дека две жртви се во крична состојба. Официјалните лица јавуваат дека полициската активност ќе биде засилена на подрачјето Едмонтон во северниот дел на Лондон по четири напади кои се случиле во период од 15 часа синоќа и утрово.

Властите смируваат дека нападите не се поврзани со тероризам, а главниот инспектор образложи дека жртвите очигледно биле избрани со намера, бидејќи биле сами и ранливи.

Спонзорирано: