15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот парламент пак ќе се изјасни за брегзит

Пратениците во Долниот дом на британскиот парламент денеска по третпат ќе се изјаснат за Договорот за брегзит, којшто премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ лани во ноември.

До гласањето доаѓа откако претседавачот на Домот, Џон Беркау соопшти дека го прифатил барањето на премиерката Тереза Меј. Тој досега одбиваше да го стави Договорот на ново гласање, со образложение дека парламентот не може постојано да гласа за еден ист документ, но сега изјави дека овој пат станува збор за нов предлог, што значително се разликува од досегашниот.

Претходно британските пратеници гласаа за осумте можности за брегзитот, но ниту една од нив не ја доби поддршката на парламентарното мнозинство, со што би се се трасирал патот на Велика Британија во процесот на напуштање на Европската Унија.

Спонзорирано: