10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенечката влада доби двајца нови министри

Словенечкиот парламент ги назначи Алеш Шебер за нов министер за здравство во коалициската влада на Марјан Шарец, и Симон Зајц за министер за животна средина и просторно планирање, така што владата повторно почнува да работи во целосен состав по оставките на претходните министри.

За новите министри гласаа 49, а против беа 20 пратеници. Поранешниот министер за животна средина и просторно планирање, Јуре Лебен, поднесе оставка кога медиумите го поврзаа со малверзации за средствата за изградба на стратешката железничка пруга Копер-Дивача, од кои наводно се финансирале активностите на партијата на тогашниот премиер Миро Церар, објави „Хина“.

Поранешниот министер за здравство, Само Факин, официјално се повлече поради болест, а неофицијално поради несогласување со премиерот Шарец за тоа како да ги реши проблемите со јавното здравје, објави „Хина“.

Шарец во средата во парламентот рече дека Шебедер е човек со големо искуство во управувањето со здравствените институции.

Спонзорирано: