20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мозамбик ќе почне со вакцинација против колера во областите погодени од циклонот Идаи

Мозамбик ќе зпочне кампања за вакцинација против колера следната недела во областите опустошени од циклонот Идаи, објави Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот кога беа откриени пет случаи на болеста.

Илјадници луѓе повеќе од една недела беа заробени во поплавените села без пристап до чиста вода кога циклонот Идаи го погоди пристанишниот град Беира на 14 март предизвикувајќи катастрофални поплави, во кои загинаа над 700 лица во три земји во југоисточна Африка.

Дејвид Вајтвик, претставник на СЗО, изјави за новинарите дека во Мозамбик се поставени седум клиники за лекување пациенти со колера и дека уште две ќе бидат подготвени набргу.

„Имаме 900.000 дози орални вакцини против колера, кои доаѓаат в понеделник, и ќе почнеме кампања за вакцинација што е можно побргу следната недела“, рече Вајтвик.

Во последните пет години во Мозамбик епидемиите на колера се вообичаени. Во последната епидемија, која, според СЗО, заврши во февруари 2018, од колера заболеа 2.000 лица.

Но, штетата врз инфраструктурата за вода и санитарната инфраструктура на Беира, заедно со густата популација, ги зголеми стравувањата дека ќе биде многу тешко да се спречи следната епидемија.

Вајтвик не потврди дали досега во Мозамбик имало смртни случаи од колера.

Портпаролот на „Ројтерс“ во средата го видел телото на едно мртво дете изведено од клиника за итни случаи во Беира. Детето претрпело акутна дијареја, што може да биде симптом на колера.

Спонзорирано: