15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Историски дуел: Заев покажа храброст каква што Никола Груевски никогаш немаше

Вечерва на Канал 5 телевизија се случи историски тв дуел меѓу лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија.

Втор пат, Премиерот Зоран Заев имаше интервју со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Да се потсетиме, дека во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, за време 11 годишниот режим Никола Груевски ниту еднаш не излезе на ТВ дуел со неговиот ривал Зоран Заев, тогашен лидер на опозицијата.

На сите покани од лидерството на тогашната опозицијата, тогаш владејачката ДПМНЕ ниту еднаш не прифати дебата.

Многу ретки беа и моментите кога Груевски ќе се охрабреше да излезе и на интервју со новинари од критичките медиуми во тоа време, се осмели само еднаш, на неколку месеци пред затворањето на А1 телевизија. Тогаш најгледана македонска телевизија беше затворена само поради критичкото известување за политиките на тогашната власт.

Ретки беа дуелите за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, а денес се секојдневие. Според аналитичарите дебатата е важна, а владејачката СДСМ покажува дека власта треба да биде отворена за дебата со опозицијата. Тоа е добро и за државата и за демократијата во земјата.

Спонзорирано: