12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина Скот Вoкер, еден од најголемите музички револуционери

Музичарот Скот Вокер, најпознат како фронтмен на групата The Walker Brothers, која беше познат во 60-тите години на минатиот век, почина на 77-годишна возраст во понеделникот утрото, според Би-би-си.

Несреќната вест беше потврдена од неговиот издавач „4Д“, кој го нарече еден од најголемите иноватори на креативна музика.

Некои од попопуларните песни што ги испеа се The Sun Ain’t Gonna Shine Anymore и Joanna. Тој исто така имаше големо влијание врз многу музичари како Дејвид Боуви, кој го доживуваше како идол.

Скот не ја сакаше премногу славата, а освен со бендот, тој имаше и соло кариера, иако не толку успешна. Работел со многубројни изведувачи, како Pulp, Bat for Lashes и Ute Lemper.

Освен во музиката, тој исто така се обиде и во актерството. Имаше улоги во неколку филмови, од кои еден е за него со наслов Scott Walker: 30 Century Man.

Неговото последно дело е музиката компонирана за филмот со Натали Портман – Vox Lux.

„Го сретнав еднаш во Мелтдаун, толку љубезен. Ќе недостига“, напиша музичарот Том Јорк (50).

Спонзорирано: