18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун ќе ја посети Русија годинава

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун може да ја посети Русија годинава, доцна пролетта или во текот на летото, објави руски сенатор во период кога се шират шпекулации дека Пјонгјанг разговара со Москва за организирање на високата посета, пренесува РТ.

„За посетата се дискутира, според некои информации. Можете да очекувате тоа да се случи пролетва или летово, но времето допрва треба да биде договорено“, изјави сенаторот Александар Башкин за „РИА новости“.

Тој рече дека Валентина Матвиенко, претседателка на горниот дом на рускиот парламент, го иницира прашањето кога во 2018 година одржа разговори во Пјонгјанг. Таа упати покана до Ким да ја посети Русија, што тој ја прифати, додаде Башкин.

Ким Џонг-ун никогаш не ја посетил Русија иако татко му, покојниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг-ил, доаѓаше на средби со Владимир Путин и Дмитриј Медведев во 2001, 2002 и во 2011 година.

Веста доаѓа во услови на непотврдени извештаи дека шефот на протоколот на Северна Кореја, Ким Чанг-син, бил во Москва месецов. По петдневната посета, тој заминал за Владивосток, иницирајќи шпекулации дека градот би можел да биде избран за место за идниот севернокорејско-руски самит, пренесува „Јонхап њуз“.

Пјонгјанг не ја коментира веста.

Дмитриј Песков, рускиот претседателски портпарол, рече дека таквото патување е дискутирано и подготвувано долго време.

„Ќе ве информираме штом ќе имаме конкретни договри за местото, времето и модалитетот на состанокот“, рече тој.

Спонзорирано: