3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: „Аја Софија“ може повторно да стане џамија

Тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека светски познатата „Аја Софија“, која денеска е музеј, повторно би можела да стане џамија. Тускиот лидер ова го најави одговарајќи на новинарско прашање дали постои начин турските граѓани бесплатно да ја посетуваат „Аја Софија“.

„Веднаш до неа е Сината џамија, а туристите од сите вери може да ја посетуваат бесплатно. Таква можност би требало да има и тука“, рече Ердоган.

Оваа изјава, која би можела да предизвика бурни реакции во светот, доаѓа неколку месеци откога највисокиот суд во Турција одлучи дека истанбулскиот музеј „Аја Софија“ не ќе може повторно да стане џамија. „Аја Софија“ е еден од најпознатите споменици на културата. Изградена е во 6 век за време на владеењето на царот Јустинијан. Првин служела како црква, а по отоманското освојување на Истанбул во 1453 година, станала џамија. Од 1935 година е музеј.