20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Бројот на жртви од циклонот Идаи се искачи на 750

Бројот на загинати од циклонот Идаи се искачи на 750 лица низ јужна Африка, а пристанишниот град Беира, во Мозамбик, кој беше најпогоден од бурата, полека го започна своето бавно закрепнување.

Невремето од категоријата 2 го погоди градот на 15 март, со ветрови од 175 км/ч што доведоа до огромни дождови и поплавени села, додека се движеше кон внатрешноста на Зимбабве и Малави.

Мозамбискиот министер за земјиште и животна средина, Челсо Кореиа, во неделата рече дека досега се регистрирани 446 загинати лица во земјата. Повеќе од половина милион се погодени во земјата, а 110.000 од нив се безбедни во кампови.

„Ја следиме ситуацијата на теренот“, рече Кореиа.

Според агенциите за помош, околу 90 проценти од Беира биле уништени од циклонот. Речиси две недели подоцна, ѓубрето и паднатите дрвја се расчистуваат од патиштата. Голем дел од телекомуникациската инфраструктура на градот беше уништена од невремето, но две телефонски мрежи повторно беа пуштени во функција.

Главниот пат што води кон градот беше повторно отворен во неделата, а неколку помали продавници продаваа производи во мали количини.

Но, во подалечните делови од Мозамбик, пристапот сè уште беше отежнат, а во Беира се регистрирани и случаи на колера и маларија.

Спонзорирано: