Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Хрватска 250.000 лица се зависници од алкохол

Најголема зависност во Хрватска е алкохолизмот, а според публикацијата на Хрватскиот завод за јавно здравство за менталното здравје на нацијата, зависни се околу 250.000 лица, пренесе „Хина“.

Зависници од алкохол има за четири пати повеќе мажи во однос на жени, кои на психијатриско лечење завршуваат најчесто поради депресија.

Од алкохолизам, се лечат само осум проценти од зависниците.