13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски на срдечни средби со граѓаните: Влезот во ЕУ и НАТО обезбедува подобра иднина за младите

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Кочани, каде што се сретна со граѓани и учествуваше на отворена граѓанска трибина.

Пендаровски со граѓаните разговараше на актуелни теми поврзани со напредокот на државата во евроинтегративниот процес, каде што беше потенцирано значењето на влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ за натамошен економски и општествен развој.

Во обраќањето на трибината со младите, Пендаровски се осврна на масовното иселување на младите од Кочани и Кочанскиот Регион, при што истакна дека единствен начин на сопирање на овој негативен тренд е забрзување на промените и интензивен развој.

„Единствен начин да обезбедиме добри услови за младите на релативно кус рок се интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО, и тоа што побргу. Сами, како држава надвор од ЕУ и НАТО, не можеме да го постигнеме тој напредок. Но, со европската поддршка, со поддршката од нашите пријатели, процесот на напредок е неизбежен. Затоа, и како човек и како претседател сум посветен на реализација на стратешките цели, а тоа е членството во ЕУ и НАТО“, порача Пендаровски.

По Кочани, Пендаровски продолжува на средби со граѓаните на општина Виница.

Спонзорирано: