5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дик ги потврди кандидатурите на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река

ДИК даде зелено светло во Претседателската трка да влезат Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река.

Со ова се заклучува избиричкото ливче, а утре веќе е најавена ждребка за бројчето според кое ќе бидат кандидатите на гласачкото ливче.

ДИК најави дека на тројцата кандидати за претседател на државата ќе им подготви решенија за потврдување на поднесените листи, посакувајќи им успех.

Според најавата, утре во седиштето на ДИК ќе се одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Пендаровски е кандидат на СДСМ и коалицијата, Силјановска Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а Река на албанската опозиција. Нивните кандидатури се поднесени со поддршка од група избирачи и го имаат обезбедено потребниот минимум потписи.

Кампањата за претседателските избори почнува на први април, а прв изборен круг е закажан за 21 април, доколку има втор тој ќе биде на 5 мај.

Спонзорирано: