9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Власта го средува банкарскиот сектор: Бесплатни сметки за социјално загрозените граѓани

Банкарски сметки со основни функции ќе бидат бесплатни за ранливите категории, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. Се предвидува да се донесе Закон за платежни услуги и платни сметки според кој бесплатни услуги ќе добијат ранливите категории за отворање, водење сметка, уплати и исплати, а за останатите потрошувачи платежната сметка со основни функции да биде „со разумен надоместок“, вели Тевдовски.

„Ќе напоменам дека за да се отвори сметката граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус“, рече Тевдовски.

Законот го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, кој како што најави Тевдовски исто така предвидува решенија кои што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги со што ќе придонесе за засилена конкуренција и нови иновативни начини на плаќање.

Спонзорирано: