10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Царовска: Со продолжениот закон за социјална заштита се воведува правична распределба на средствата

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на јавната расправа за предложениот Закон за социјална заштита која се одржа денеска во Собранието изјави дека законот е еден од трите законски регулативи од социјалната реформа со која се преобразува целото општество и начинот на кој државата се грижи за најранливите, но и се воведува праведна распределба на средствата.

„Ние се декларираме како социјална држава, но бевме сведоци дека сите политики кои се креираа во минатото беа токму да ја зголемат нееднаквоста, да трансферираат финансиски средства на побогатите, наспороти посиромашните и затоа денеска имаме бројка од 400.000 наши сограѓани коишто живеат во сиромаштија, а право на детски додаток имаат не повеќе од 3.000 деца“, истакна Царовска.

Додаде дека со новиот пакет закони, кој требаше да биде изгласан во Собранието и да започне да се применува од 1 јануари, се дава и можност за развој на социјалните услуги, за сите граѓани, граѓански организации, компании да основаат социјални услуги, коишто понатаму ќе треба да се акредитираат и лиценцираат.

„Со тоа што реформата не е се уште донесена, повеќе од 30.000 домаќинства не ја добиваат достоинствената парична помош или минимален адекватен приход, повеќе од 60.000 деца не ги земаат детскиот и образовниот додаток, 1000 вработени и повеќе од 4.000 вработени во градинките во центрите за социјална работа не ги добиваат своите достоинствени плати“, дополни Царовска.

На расправата покрај учествотото на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и пратениците, имаше претставници од граѓанските организации и експерти.

Спонзорирано: