19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Секогаш поразлична од останатите: Новиот спот на Теа Трајковска е повеќе од одличен (ВИДЕО)

„Која сум јас“, носечката нумера од деби-албумот на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска е конечно екранизирана и тоа во една приказна која дефинитивно ќе го привлече вниманието на публиката.

Снимањето на спотот заврши пред неколку дена, а како режисер на истиот се јавува и овој пат Бане Поповиќ и неговата „Томато – Продукција“.

Мислам дека оваа песна е најискреното нешто што сум го сработила и најблиско до тоа која сум навистина, имено затоа е албумот насловен по неа. Во видеото се обидовме да го оживееме каверот/омотот на албумот и со едноставна симболика да ја претставиме таа борба за идентитет после одредени случувања и состојби во животот на еден млад човек – вели Трајковска за ова музичко дело.

Се разбира и на оваа песна музиката и аранжманот е на Лазар Цветковски, додека текстот е на Теа.

Дефинитивно Теа ги заслужува сите аплаузи, бидејќи таа и само уште неколку нејзини колеги од естрадата се активни и ја одржуваат музичката сцена.

Спонзорирано: