17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dav
ЛОКАЛНО

Прв еко драмски ученички фестивал во Битола

По повод одбележувањето на месецот на екологијата, во организација на еко-тимот при ОУ „Св. Климент Охридски“ предводен од координаторот Соња Петровска, во Народниот театар во Битола се одржа првиот мал драмски еко фестивал, на кој учениците од битолските основни училишта изведоа драмски изведби на тема екологија.

Првото место на драмскиот еко-фестивал освоија учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ со претставата „Екоспомени за промени“, второто место им припадна на учениците од ОУ „Стив Наумов“ со претставата „Екожелби“, а трето место освоија учениците од ОУ „Даме Груев“, со претставата „Децата ја создаваат иднината“.

dav

dav
dav
dav

Жири комисијата, која ја сочинуваа актерите Илина Чоревска, Петар Спировски и Никола Пројчевски, имаше тешка задача да ги одбере наградените од единаесетте изведени претстави и една монодрама.

Фестивалот го поддржаа Општина Битола, ЈП „Комуналец“ и танцовата школа Експоуз, а на првото фестивалско издание присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.

Спонзорирано: