10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Државата е стабилизирана и тоа носи придобивки за граѓаните, да продолжиме по тој пат

Новинарските прашања од денешната изјава за медиуми на Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

П1: Што може граѓаните да очекуваат од кандидатот за претседател Пендаровски?

Јас сум дел од оваа политичка структура кои изминативе две години се обидува да ја врати Македонија на патеката којашто беше пред 15 години, и притоа направивме големи и тешки компромиси преземавме голем ризик меѓутоа бенефитите ги гледаме. Во 2018 година, бројката на директни странски инвестиции е 625 милиони евра, што е незабележано во изминативе 15 години во која било година која ќе ја земете како репер. Тоа значи дека политичкото стабилизирање што оваа власт го донесе на земјата и носи и економски благодет. Премногу е ризично иднината на Северна Македонија да ја ставиме во рацете на луѓе кои мислат дека треба да се вратиме назад да поништиме се што е досега направено и да се вратиме пред Преспанскиот договор, пред уставните промени и претпоставувам, дека со тоа сакаат да се вратиме во времето на груевизмот, режим каков што не е забележан во поновата балканска историја. Јас сум еден од оние луѓе кои на следните избори во име на таа политичка структура ќе истрчам пред граѓаните да објаснам дека подобар пат, подобра алтернатива од ова нема, се друго е голем ризик, голема неизвесност, јас мислам дека конечно граѓаните на Северна Македонија заслужуваат подобар живот наместо да се враќаме во неизвесност, дали ќе не биде, дали ќе ја имаме државата, каква ќе биде државата. Ова е патот по кој треба да одиме за жал изгубивме деценија цела чекајќи да го вратиме исправниот курс. Јас мислам дека граѓаните треба да дадат поддршка на сите нас кој се вложивме себеси заедно со граѓаните во еден проект кој значи европска, демократска и прогресивна држава.

П2: Што би требало да очекуваат граѓаните од тиквешијата, онаму каде што сте сега?

Јас тукушто разговарав со некој од овдешните власти и чув некои податоци кои може само сите нас да не радуваат, не само вие што живеете тука, туку и сите ние кои живееме во другите региони и градови на Македонија. По БДП, во просек ова е практично втора општина во Македонија, по една од скопските општини. Чув дека ја имате една од најмалите стапки, ако не и најмала стапка на невработеност, официјално 5 отсто и мислам дека ако сакаме Македонија да напредува а мислам дека тоа ни е желба на сите нас и да биде еден ден средена и богата европска држава, Кавадарци е една од општините која треба да има посебен третман од било која власт. Сосема независно кој е во владата во Скопје, било која политичка структура, ваквите примери треба само да ги поддржува и да како добар пример ги покажува на сите останати општини и региони во Македонија.

Спонзорирано: