18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Партијата на Орбан суспендирана од ЕПП

Унгарската владејачка партија Фидес е суспендирана од Европската народна партија (ЕПП) поради антиевропски кампањи.

Ова значи дека Фидес нема право на глас, како и дека Комисијата на ЕПП, предводена од Херман ван Ромпуј, ќе врши надозр дали партијата на премиерот Виктор Орбан се придржува до условите што ги постави лидерот на ЕПП, Манфред Вебер.

Фидес претходно се закани дека ќе ја напушти Европската народна партија ако биде суспендирана.

ВМРО-ДПМНЕ, која е членка на ЕПП, соопшти дека партијата ја поддржува одлуката.

„Европската народна партија во пресрет на европските избори одржа состанок на Парламентарното собрание во Брисел, при што се усвоија генералните стратешки насоки за европските избори, како и идното дејствување. На политичкото Собрание се разговараше и за односите со членката на ЕПП, Фидес од Унгарија. ЕПП постигна компромис кој беше прифатен со консензус според кој Комисијата на ЕПП, предводена од Херман ван Ромпуј, треба да ја мониторира имплементацијата на забелешките на ЕПП и да ги утврди фактите. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ го подржа овој компромис, кој значи силна и обединета ЕПП“, соопштија од партијата.

Спонзорирано: