10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Проектот Нордиски напредок – Континуирана поддршка за европските интеграции на земјава

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари заедничка средба со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад и шведскиот амбасадор во земјава Матс Стафансон.

Главна тема на средбата беше поддршката за Северна Македонија за пристапување во ЕУ во рамки на Проектот Нордиски напредок, а беа отворени и темите поврзани со европската интеграција на земјава од аспект на зголемената финансиска помош за спроведување реформи и поддршка на политиките во земјата во пристапниот период.

„Норвешка и Шведска отсекогаш биле наши силни поддржувачи и пријателски земји, особено во поддршката на нашите стратешки цели и приоритети, како што е пристапувањето на земјава во ЕУ, и во таа смисла, задоволен сум од директната поддршка за најважниот процес во земјава во овој момент- пристапните преговори со ЕУ, како дел од целокупниот процес на европска интеграција“, истакна Османи.

Во продолжение Османи реферираше во детали за поддршката која ја користи Секретаријатот во овој период, која е фокусирана на подготовка за спроведување на втората фаза од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација (ССА), воспоставување на преговарачката структура, како и подобрување на транспарентноста на институцијата во однос на целокупниот процес на европска интеграција.

Минатата година беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Северна Македонија и Норвешка со кој се обезбедува билатерална проектна соработка за поддршка на социо- економскиот развој, особено на неразвиените региони и процесот на европска интеграција на земјата од страна на Вицепремиерот Османи и Амбасадорот Бјорнстад, за финансиска поддршка на земјава во висина од над 3 милиони евра годишно, која претставува континуитет на билатералната соработка која трае над две децении.

Спонзорирано: