4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Од идеја до бизнис: Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip

После четири успешни изданија, EESTEC LC Skopje ви го најавува и петтото издание на Code App Level Up, кое ќе трае од 15 април до 21 април под темата Startup Edition powered by Vip.

Имате идеја, но не знаете како да ја реализирате и да започнете сопствен стартап бизнис? Овогодинешниот натпревар на Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip кој ќе започне на 15 април и ќе трае до 21 април е совршена можност за вас. Целта на натпреварот е да ги едуцира и насочи младите кон правилна имплементација на своите ИТ идеи и да се поттикне претприемачкиот развој. Дел од настанот ќе бидат предавачи и ментори кои зад себе имаат
успешни стартап проекти и кои своето искуство ќе им го пренесат на учесниците. Тимовите во текот на целиот натпревар ќе работат со своите ментори од кои ќе добијат насоки и совети како да ги имплементираат своите идеи.

Покрај тоа што овој натпревар е одлична шанса да се дознае нешто повеќе за разивање на стартап бизнис, учесниците ќе се стекнат со нови знаeња и искуства во полето на програмирање, дизајн и претприемништво.

Натпреварот официјално беше најавен во сабота на 16 март на Vip Startup Academy која беше одржана во главната зграда на Вип, каде учесниците детално се информираа за процесот на аплицирање. Учеството на настанот е целосно бесплатно, а сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк до 25 март.