4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачот од Нов Зеланд планирал и трет напад, рече полицијата

Осомничениот за нападот во Крајстчрч, Нов Зеланд, бил на пат кон трета цел кога беше фатен од страна на властите, изјави полицискиот комесар Мајк Буш на прес-конференцијата во средата.

„Силно веруваме дека го запревме на пат кон друг напад“, рече тој. „Нашите луѓе спасија животи“.

Комесарот изјави дека осомничениот заминал кон третата локација за да провери дали има експлозивни направи. Буш не објасни дали третата локација била џамија или нешто друго, но рече дека се наоѓа во регионот на Крајстчрч.

„Апсолутно веруваме дека знаеме каде одеше“, рече комесарот.

Напаѓачот во петокот уби 50 луѓе кои се молеа две џамии, оддалечени една од друга околу 5 километри.

Буш додаде и дека полицијата пристигнала на местото на нападот во рок од пет минути и 39 секунди, и дека „во рок од 21 минута лицето што сега е во притвор беше уапсено“.

Дваесет и една од жртвите се идентификувани од властите и нивните роднини, а се работи на тоа што побрзо да се идентификуваат и другите, рече Буш.