11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата тргнува во изработка на Стратегија за транспарентост

На 126-та редовна седница на Владата на РС Македонија, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за потребата за изработка на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија со цел да се зголеми довербата на граѓаните во институциите на системот преку системско унапредување на транспарентноста и отвореноста на државните институции.

Оваа стратегија ќе ги утврди приоритетните области и ќе даде стратешки насоки за институциите да ги применат принципите на добро владеење кои се дел од правниот систем на ЕУ и 12-те принципи на добро владеење од Советот на Европа.

За таа цел беше задолжен Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски да ги координира понатамошните активности.

Спонзорирано: