20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени уште две лица за нападот во Утрехт

Холандската полиција уапси уште две лица за нападот во трамвајот во Утрехт, во кој беа убиени три, а повредени пет лица.

Портпаролот на Канцеларијата на јавниот обвинител, Тис Кортман, рекол дека три лица се во притвор – осомничениот 37-годишен Ѓокмен Танис, кој беше уапсен вчера, и уште две лица.

Кортман навел дека Танис е задржан под сомнение за убиство со можен терористички мотив, додавајќи дека истрагата продолжува за да се утврди точниот мотив за нападот.

Властите не исклучуваат и други можни причини, а холандските медиуми ги цитираат соседите на осомничениот кои шпекулираат дека нападот е поврзан со љубовна врска.

Танис од претходно ѝ е познат на полицијата. Тој лани бил на судење под обвинение за силување.

Спонзорирано: