18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за апсењето на Јакимовски: Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме

Апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на заевизмот кој губи, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во фејсбук-објава, а во врска со денешното апсење на Стевчо Јакимовски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1187558134752977

„Тоа што досега нема ниту една акција против криминал за било кој човек од оваа власт, а сепак ние остануваме држава заробена во корупција на дното во Европа покажува дека е криминална и варварска власта. Очигледно кампањата на заевизмот се апсења, но во исто време тоа покажува и дека Заев драматично губи кај народот“, наведува Мицкоски во објавата.

На крајот од својот статус, партискиот лидер порачува: „Не можете вие толку да уапсите колку што ние ќе ве победиме“.

Спонзорирано: