16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов отиде пред вилата на Иванов и разоткри нови детали околу случајот со становите на Иванови

– Ѓорге Иванов со денови молчи и се крие од јавноста. Тоа е однесување на нечесни политичари чие што време помина.

Иванов да го прекине молкот за информациите дека неговиот син купил два стана од над 200 квадратни метри на атрактивна локација на Водно и да им одговори на граѓаните, рече Костадин Костадинов.

– Со кои пари неговиот невработен син ги купил становите на Водно?

Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во анкетниот лист?, праша портпаролот на СДСМ.

– Особено што се појавија информации кои говорат дека во истата зграда на Водно, два лукзусни стана купил и шурата на Иванов.

Во една иста зграда на атрактивна локација дури четири станови припаѓаат на членовите на семејството на Иванов.

Иванов е пример како не треба да се однесува политичар кој е избран и треба да им служи на граѓаните.

Дел од истата нечесна структура е и Гордана Силјановска – гордата застапничка на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, на Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Силјановска и Иванов бранат насилници и криминал и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси, вели Костадинов.

Спонзорирано: