9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Да се издигнеме во интерес на правната држава

Треаба да се издигнеме како политички партии над теснопартиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни, рече Костадин Костадинов портпарол на СДСМ на прес конференцијата на одговор на новинарското прашање:

https://www.youtube.com/watch?v=3Oo_PqJ28Jc&feature=youtu.be

Синоќа ги слушнавме ставовите на тимовите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, прилично спротивставени ставови околу СЈО, има ли шанса овој процес, особено пред добивањето на извештајот од Европската комисија и очекуваниот датум за преговори, односно паузата којашто треба да следи во Собранието поради претседателските избори?

– Околу какви било прогнозирања за тоа дали има шанса или нема шанса, јас можам само да порачам дека треба да се издигнеме како политички партии над теснопартиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ, имаат време до четврток додека да отпочне амандманската расправа да размислат дали навистина ќе се водат од нашите интереси за нашата европска интеграција и НАТО интеграцијата или ќе останат како што тоа го правеа и досега да бидат на страната на криминалот во обид на амнестија на сите криминалии на претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има јасни недвосмислени принципиелни ставови во однос на правосудните органи во државата исто и во однос во законот за Јавното обвинителство, рече Костадинов.

Спонзорирано: