5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Ќе ги вратиме во ковчези сите што ќе се обидат да го заземат Истанбул

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го опишал масакрот во двете џамии во Нов Зеланд во кој беa убиени 50 луѓе како дел од еден голем напад на Турција и се закани дека ќе ги испрати назад во ковчези сите оние што ќе се обидат да го заземат Истанбул.

Ердоган, кој се обидува да обезбеди поддршка за својата исламистички ориентирана партија на локалните избори на 31 март, тврди дека нападот во Нов Зеланд е доказ за глобален антимуслимански сентимент.

„Нè тестираат од оддалеченост од 16.500 километри од Нов Зеланд со пораки што ги испраќаат од таму. Ова не е индивидуален чин, ова е организирано“, рекол Ердоган.

Тој додал дека напаѓачот од Нов Зеланд ѝ се заканил на Турција и лично нему и дека во манифестот навел дека сака да ја оддели Турција од европскиот дел.

„Тука сме илјада години и ќе бидеме сè до судниот ден, ако даде Господ“, рекол Ердоган на собир по повод одбележување на битката на Галиполе во 1915 година кога османлиската војска ги победила силите под водство на Велика Британија вклучувајќи и австралиски и новозеландски трупи, кои се обиделе да го заземат полуостровот.

„Нема да го претворите Истанбул во Константинопол“, рекол Ердоган алудирајќи на грчкиот назив на градот сè додека не го освоиле Турците во 1453 година.

„Вашите дедовци дојдоа тука и се вратија во ковчези. Немојте да се сомневате дека тоа нема и вам да ви се случи“, рекол турскиот претседател.

Висок турски безбедносен извор рекол дека терористот Брентон Тарант влегол во Турција двапати во 2016 година. Турските власти сега се обидуваат да ги откријат причините за неговите посети на земјата.

Австралиецот Тарант (28) е обвинет за нападот во саботата во кој беа убиени 50 луѓе во две џамии во Крајстчерч. Тој во својот манифест навел листа на непријатели од висок ранг, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел, како и Ердоган и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

За Ердоган навел дека е лидер на најголемата исламска група внатре во Европа и дека треба да го острани за да се елиминира главниот непријател на Русија и да се ослаби НАТО.

На предизборните собири викендов Ердоган го прикажа видеото од масакрот што Тарант го објави на „Фејсбук“, што предизвика критики од министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, кој рече дека тоа може да ги загрози државјаните на Нов Зеланд во странство.

Спонзорирано: