11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Амбасадорот Баздникин му предаде на Заев документ со кој Русија ја признава Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа го прими рускиот амбасадор во нашата земја, Сергеј Баздникин.

Како што информираат од владината прес-служба, Баздникин му врачил на Заев копија од нотата на руското МНР, согласно која врз основа на одлуката на рускиот претседател, земјата го признава новото име на нашата држава – Република Северна Македонија.

На средбата во кабинетот на премиерот двајцата соговорници ги потврдиле заложбите на двете земји за одржување на традиционално пријателски односи низ активен дијалог.

„Посебно внимание на средбата беше посветено на поттикнувањето можности за зголемување на економската соработка, за што како особено значаен податок за потенцијалите говори фактот дека извозот на свежо овошје и зеленчук во јануари оваа година е зголемен за 90%, во споредба со истиот месец во 2018 година“, се наведува во владиното соопштение.

Интензивирањето на економската соработка се очекува да биде и централна тема на наредната сесија на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка меѓу двете земји, која треба да се одржи во Скопје.

Спонзорирано: