20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Станови вредни 250 илјади евра, Иванови се подновија пред заминување од функцијата – Колку тежи претседателското семејство?

Колку вредат становите кои се предмет на Државната антикорупциска комисија, а ги купило семејството Иванови?

Становите кои се наоѓаат на Водно, според првичните проценки вредат околу 250 илјади евра, а државната комисија за антикорупција веќе отвори предмет и ќе испитува од каде толкава количина пари на Иванови за да ги купат овие станови.

Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на улицата „Салвадор Аљенде“. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, а површината изнесува 91 метар квадратен.

Локацијата важи за луксузна населба, каде цените за метар квадратен стигнуваат 1200, 1300 и 1400 евра.

Интересно е што новите станови ги нема во анкетниот лист објавен на интернет страницата на ДКСК, а според она што јавно може да се забележи Иванов поседува и друг стан во Центар од 75 квадрати на име на сопругата, а стекнат како подароквреден 5 милиони денари.

Иванови имаат и сметки во Комерцијална банка, каде тој на свое лично име има 34.440 , евра, 277 долари и нешто над 4 милиони денари, додека сопругата Маја има околу 2000 евра.

Ѓорге Иванов кој важи за претседател со оспорен легитимитет особено по изборите во 2014-та година кои беа сомнителни го завршува својот мандат со зголемен имот во семејството. Иванов сега, покрај тоа што ќе ги ужива привилегиите на екс-претседател со платена канцеларија и вработени, ќе добива и пензија од 90-тина илјади денари/месечно.

Спонзорирано: