19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се шири силниот пожар кај Скопска Црна Гора

Пожарот на Скопска Црна Гора, во местото викано Влајингроб, што избувна пред неколку часа се шири. На терен интервенираат противпожарни екипи на Град Скопје, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато, информира Центарот за управување со кризи.

Пожарот се шири кон селата Никуштак, Виштица и кон Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума.

Од страна на општина Гази Баба упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување во раните утрински часови.

Од ЦУК информираат дека противпожарните екипи ќе останат на местото и ќе ја следат состојбата во текот на ноќта за да го контролираат ширењето на пожарот.

Спонзорирано: