3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се’ било лажна вест: Не постои застој при влез на македонските камиони во Русија!

На денешната средба меѓу министерот за земјоделие, Љупчо Николовски заедно со амбасадорот на Руската федерацицја, Сергеј Баздникин се разговараше за информациите дека извозот на македонските земјоделски производи во Русија е блокиран, по што е утврдено дека не постои никаков застој при влез на македонски камиони во Руската федерација.

Најновите информации велат дека сите компании/извозници од Северна Македонија, кои подигнале фитосанитарни сертификати со новото уставно име, без проблем ги поминале граничните премини во Русија и производите се извезле во таа земја.

За сето ова стигна потврда и од рускиот амбасадор, кој децидно посочи, дека од руска страна не постои ниту едно официјално известување, дека постои некаква пречка за Македонија, поради уставното име на државава.

Според статистиките во изминативе пет дена влегле камиони на шест македонски фирми кои извезуваат во оваа земја, претежно земјоделски производи и овошки.

Спонзорирано: