11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски од Радовиш: Како претседател силно ќе се спротивставам на секој обид за кочење или блокирање на државата, напредокот на земјата на прво место

– Политичките партии не смеат да го кочат или блокираат развојот на државата. За жал во минатото бевме сведоци кога тесно партиските интереси беа претставувани како државни интереси или како интереси на сите граѓани кои живееја во нашата земја, порача Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ и коалицијата.

– Во таков случај најголема жртва се имено граѓаните и нивните интереси бидејќи тесно партиските елити своите приватни финансиски интереси си ги претставуваат како интереси на сите нас. Тоа повеќе не смее да се дозволи.

Во нашата земја мора да воведеме нова политичка култура и нов начин на водење на политиката, вели Пендаровски.

Јас ќе бидам како претседател решително против тоа, тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на сите граѓани, најавува претседателскиот кандидат.

Според Пендаровски, партиските интереси си имаат свое место меѓутоа несмее да дојде до спојување на интересите на една тесна партиска клика со интересите на сите нас, бидејќи во тој случај трпат економските интереси на државата, на граѓаните, трпат нашите интеграции и најмногу трпат правата и слободите на граѓаните.

Како претседател на државата имам намера да бидам решително против секој обид тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на целата држава, потенцира претседателскиот кандидат на СДСМ и додава:

Во мене граѓаните ќе имаат најголем заштитник на своите права и слободи и најголем промотор на овој нов тип на политика кои ни е потребен после долги години стагнирање во оваа сфера, заклучи Пендаровски во изјавата дадена за медиумите при денешната посета на Радовиш.

Спонзорирано: