4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Чуден и нејасен став на Силјановска на Твитер: #СтевоИзвини за тоа што ги амнестиравте вратарите на терористите

Чуден и нејасен став покажува претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, прво нејзините изјави даваа изглед дека таа е незадоволна од високите пресуди за личностите кои беа обвинети за крвавиот четврток, а со нејзиниот твитер статус отвора нови дилеми.

На социјалните мрежи таа објави статус кој е малку контрадикторен од нејзините настапи, но и од ставот на партијата, со оглед дека токму тие беа најжестоки критичари на осудителните пресуди за напаѓачите и насилниците во Собранието кои заедно добија над 211 години затворски казни.

-Бидејќи мојот противкандидат Стево упорно бара да се правдам за нешто што воопшто не е поврзано со мене, а истото неколку пати и на јавни настапи го имам осудено, еве го прифаќам предизвикот на Стево.

#СтевоИзвини за тоа што ги амнестиравте вратарите на терористите, завршува Силјановска.

После оваа твитер порака се’ уште е нејасно, дали конечниот став на Силјановска е дека напаѓачите во Собранието се терористи или не?

Друг аспект на целата ситуација е токму тоа што всушност амнестијата за крвавиот четврток, во која беа амнестирани лицата кои не учествуваа во насилствата, беше донесен со силна поддршка од пратениците на ВМРО ДПМНЕ.