9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Солена торта готова за половина час: Идеална за секоја прилика!

Мекото бисквитно тесто со богато полнење од зеленчук е лесен оброк во кој ќе ужива целото семејтство.

Состојки:

1 шолја пченкарно брашно
1 шолја пченично брашно
1 кесичка прашок за печиво
3 јајца
1/2 шолја масло
1/2 шолја блитва
200 гр сирење или кајмак
сол по вкус
рендан кашкавал за украсување
Начин на подготовка:

Во сад измешајте пченкарно и пченично брашно, прашок за печиво, јајца и масло. Сварете блитва, исцедете и исечкајте и додајте ја во тестото заедно со изгмечено сирење.

Намастете плех, ставете го тестото и испечете во загреана рерна околу половина час. Уште врелата торта посипете ја со рендан кашкавал.

Добар апетит!

Спонзорирано: