3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Слатка пита со јагоди

Рецепт за слатка пита со јагоди. Постапката е иста и со вишни и малини…

Состојки за тесто:

2 јајца
2 кесички ванилин шеќер
350 гр брашно
100 гр шеќер
180 гр путер или маргарин
прстофат сол
1/2 кесичка прашок за печиво
Состојки за фил:

300-350 гр јагоди или друго овошје
5 лажици шеќер
2 лажици густин
Начин на подготовка:

Измешајте брашно, прашок за печиво, сол, додајте две јајца, ванилин шеќер, путер. Со раце замесете тесто, а во јагодите ставете шеќер и густин и добро измешајте.

Тестото поделете го на два дела, еден дел развлечете го на хартија за печење во тепсија, од горе фил од јагоди, а другиот дел дел од тестото нарендајте го преку овошјето.

Печете околу 30 минути на 200 степени.

Уживајте!

Спонзорирано: