9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Река: Ветувам мирна, стабилна, напредна и европска Македонија

Ветувам мирна, стабилна, напредна и европска Македонија. Македонија ќе ја биде – вели кандидатот за претседател Блерим Река во интервју за Вечер.

-Како кандидат Албанец, спроти два кандидати Македонци, го збогатувам етничкиот колорит на овие претседателски избори – вели Река.

Тој вели дека неговата платформа ќе биде За Републиката, значи за држава која функционира врз основа на владеење на правото, а не како владеење на поединецот.

-Значи мојата визија е деперсонализација на државата, а не владеење по моделот на култот на личноста. За Република- против заробена и приватна држава. За Евроатланска и мултиетничка република, во која нема да има: политизирано судство, непотизирана администрација и неизвесно специјално обвинителство. За конституционална држава во која претседателот ќе мора да го почитува уставот, и кој нема да биде над законот. Верувам дека истото го сакаат и сите граѓани во земјата, уморени од предолгата политичка неизвесност и од рециклирање на државните елити, кои го згаснаа републиканизмот – кажа Река и додаде дека на гласачите ќе им понуди Република за сите, против заробена и приватна држава, а сето ова како превенција на празна држава, вели Река.