Секогаш во средиштето на збиднувањата...

„Порокот“ кој може да биде добар: Чоколадото е здраво за срцето

Љубителите на чоколадо сега конечно имаат причина да се радуваат.

Нивниот порок може да биде здрав за срцето, покажале резултатите од итражување спроведено во Данска, кое е објавено во British Medical Journal: Heart.

Истражувањето покажало дека умерен внес на чоколадо го намалува ризикот од фибрилации на срцевите преткомори, состојба која погодува 8.8 милиони луѓе во ЕУ и се поврзува со поголем ризик од откажување на срцето, когнитивно опаѓање и деменција.

За време на истражувањето собрани се податоци на Данци стари помеѓу 50 и 64 години за нивната здравствена состојба, животните навики и навиките во исхраната, а секој од учесниците требало да одговори на прашањето колку често јаде чоколадо.

Со контролирање на нивната здравствена состојба, се покажало дека испитаниците кои јаделе две до шест порции чоколадо неделно биле помалку склони на развој на фибрилации на срцевите преткомори, во однос на оние кои јадее само едно парче месечно.

Во тренд…