17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Домашен сок од цвекло, моркови и лимон

Сокот од цвекло е многу здрав, па топло ви го препорачуваме…

Состојки:

1 кг цвекло
1 кг моркови
1 кг лимони
5 л вода
5 кесички лимонтос
4 кг шеќер
Начин на подготовка:

Во вода ставете една кесичка сода бикарбона и измешајте. Ставете 1 кг лимони да отстојат десетина минути, а потоа измијте ги и исече ги врвовите, па исечкајте ги. Потоа сомелете ги и оставете ги во голем пластичен сад.

Исчистете 1 кг моркови и изрендајте ги, па додајте ги во пластичниот сад. Истото направете го и со цвеклото. Измешајте и додајте 5 л вода, 5 кесички лимонтус, измешајте, прекријте со крпа и оставете да отстои 24 часа.

После 24 часа процедете го сокот и додајте шеќер и измешајте додека шеќерот не се растопи. Сирупот ставете го во шишиња и чувајте го во фрижидер.

Спонзорирано: