10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ване Цветанов “распали” по Чавков: Нечовекот кој монтираше повеќе од 30 случаи, сега глуми жртва

Екс-директорот на Управата за финансиско работење, Ване Цветанов, излезе со коментар на социјалните мрежи во врска со пораката која ја објави Чавков, поврзана со 18 годишната казна затвор за насилството во Собранието, кој претходно обвини дека е осуден по нарачка.

Цветанов, кој лично, за време на владеењето на режимот беше жртва на политичка хајкаја објави следната порака:

„Нечовекот кој што монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семајства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, кој што од нула – за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?

Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.

Почитувани,
Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жрва?“, пишува Цветанов.

Спонзорирано: