12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силен скок на температурите, а потоа невреме и нов драстичен пад на температурите – УХМР со нова најава

Утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

До вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.

Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура.

Прогноза за 18.03.2019
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 18°С до 24°C
Сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 19.03.2019
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 17°C до 24°C
Претпладне сончево и топло, попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

Прогноза за 20.03.2019
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.

Спонзорирано: