7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност

Гордана Силјановска не само што не го осудува насилството во собранието на 27 Април, туку се стави во одбрана на насилниците, реагира СДСМ по изјавата на кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова за настаните од 27-ми април.

„Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност. Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието. Силјановска свесно застана зад груевизмот, свесно застана зад матрицата на насилство, криминал и конфликти“, наведе СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија додава дека Мицкоски си избрал кандидат кој кој ќе ги следи и поддржува деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: