7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина херојот кој се обиде да го запре терористот од Нов Зеланд – Наим скокна врз него за да ги заштити останатите

Почина Наим Рашид, човекот кој што е своевиден херој во драматичниот момент на терористичкиот напад од страна на Брентон Тарант кога изврши масакр во џамиите во Нов Зеланд.

За трагедијата да биде уште поголема, почина и неговиот син Талх кој беше смртно ранет, на само 21 година.

Наим се обидел да го совлада терористот Тарант за време на пукањето, но бил тешко ранет. Тој скокнал врз убиецот за да ги заштити останатите верници.

Веднаш бил однесен во болницата, каде и починал.

Наим Рашид, инаку по потекло од Пакистан, во Нов Зеланд работел како учител.

Неколку преживеани сведочеле дека имало уште неколку херои кои се обиделе да го совладаат напаѓачот.

Сајед Мажарудин раскажал дека едно момче скокнало врз убиецот и му го земало оружјето, но не можело да го најде чкрапалото и да го совлада, пишуваат медиумите.

Спонзорирано: