6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Демонстрантите кршеа излози, полицијата употреби солзавец – немири на протестите во Париз

Најмалку 44 лица се уапсени во најновите протести на „Жолтите елеци“ во Париз, за време на немирите кои избија со припадниците полициските сили.

Цел на учесниците на протестите, повторно беа луксузните продавници недалеку од Триумфалната капја, а до немирите со полицијата дојде кога демонстрантите почнаа да фрлаат димни бомби и камења врз полицијата.

Полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите, а употребила и солзавец.

Собраните палеле автомобилски гуми и кршеле излози, пред се на луксузни продавници.

Ова е 18 недела во која „Жолтите елеци“ протестираат против политиките на францускиот претседател, Емануел Макрон, а викендов вп Париз распоредени се повеќе полициски кордони и затворени се неколку улици.

Спонзорирано: