8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВМРО ДПМНЕ/Facebook
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија го допре дното со СДСМ на власт

Со СДСМ на власт македонската економија крахира и го допре дното, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија вели дека во време кога државите од регионот и Европа доживуваат ренесанса, Македонија има најниски плати и БДП од мизерни 2,05 процента.

„Бедата што ја донесе СДСМ од ден на ден сè повеќе расте. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека власта се дави во сопствениот непотизам вработувајќи си ги најблиските во државни институции за плати што обичните граѓани само ги сонуваат. Наместо да го остварат ветувањето дека нема да се задолжуваат, тие го направија спротивното и почнаа секојдневно да ги задолжуваат државата и граѓаните и поради нивното расипништво, јавниот долг надмина 5 милијарди евра, што првпат ја надмина психолошката граница од 50 проценти“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пртијата додава дека во јануари бил реализиран само 1 процент од капиталните инвестиции што ги проектирала власта. Странските инвеститори почнаа да ја избегнуваат Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, а единствена светла точка во економијата со што се фалат се инвестициите на претходната влада.

„Подобар стандард и иднина за граѓаните не се носи со криминал, корупција, непотизам и повисоки даноци. Подобар стандард не се носи ниту со заробено правосудство, креирање страв и политички прогон. СДСМ ја зароби и крахира државата. Република Македонија има потреба од функционална правна држава, која единствено ќе дојде доколку си замине овој криминален картел на СДСМ. Токму затоа потребна е победа на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори што ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори за конечно бедата на СДСМ да замине во историјата“, додава ВМРО-ДПМНЕ.